Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Мисовски донесе камен на Комисијата за мандатни имунитетни прашања?

Зошто Мисовски донесе камен  на Комисијата за мандатни имунитетни прашања?

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски денеска на расправа на Комисијата за мандатни имунитетни прашања го донесе каменот со кој замавнале по него на 27 април, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа да го тргне

Се одлучува за имунитетот на поранешниот собраниски претседател, Трајко Вељаноски.

„Со овој камен сакаа да не убијат. Од тогаш го чувам во мојата канцеларија. Го донесов за да го види јавноста“ – рече Мисовски. 

Вељаноски е осомничен дека бил организатор на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. 

Тој е член на мандатно-имунитетната комисија. Вељаноски се правдаше дека ни на крај памет не му текнало дека ќе има упад во Собранието и тепање на пратеници.

Слично

Поврзани вести