Зошто Мијалков ќе се брани од слобода, а Бедредин Ибраими останува во куќен притвор?
Додека Сашо Мијалков ќе се брани од слобода, Бедредин Ибраими, првостепено осуден во случајот „Титаник2“ останува во куќен притвор, но тоа било така затоа што поранешниот директор на УБК имал друго обвинение, па според истото, не можел да подлежи на таа мерка повеќе од 60 дена.
Додека за поранешниот член на ДИК беше поднесено обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања, Мијалков беше осуден за примање награда за противзаконито влијание.
Во случајот на Мијалков се поднесува обвинителен предлог и се води т.н. скратена постапка, па затоа не може да биде подолго од 60 дена во куќен притвор кој во тој случај му завршува по службена должност.
Тој во моментов мора да се јавува во судот еднаш неделно, а одземен му е и пасошот.
