Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО МАЖИТЕ СЕ ТОЛКУ РИЗИЧНИ ЗА КОВИД-19 - во земјава се двојно повеќе починати од жените

ЗОШТО МАЖИТЕ СЕ ТОЛКУ РИЗИЧНИ ЗА КОВИД-19 - во земјава се двојно повеќе починати од жените

Откако во земјава се регистрирани дури 151 смртни случаи од коронавирусот, за жал, мора да се направат непопуларните статистики, за тоа кога имало најголема смртност, но и кои категории со најмногу погодени од КОВИД-19. 

Анализите ги направи Институтот за јавно здравје. 

Во однос на датумот, најголем број на смртни случаи биле регистрирани на 13 април, односно 9 пациенти. 

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години, каде е регистриран и највисок специфичен морталитет, односно 25,6 на 100.000 жители. 

Од коронавирусот многу повеќе, односно дури двојно, се починати мажи.

„Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 115, односно 76,2 отсто, се регистрирани коморбидитети. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет пациенти, односно 6 отсто од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94 проценти се починати за реме на хоспитализација“, се вели во бројките на Институтот.

А Фактор веќе ја објави сторијата на Машки магазин, каде се објаснува дека ќелавите мажи може да бидат изложени на поголем ризик да имаат потешки симптоми од Ковид-19, покажуваат новите докази.

Фактор вчера го објави и податокот дека во Скопје има најголем број починати како апсолутна бројка, но дека стапката на смртност е највисока во Струга. 

Инаку, според последните бројки на Институтот, во изминатото деноночие се регистрирани 124 заразени, а за 7 лица се уште се чекаат резултатите.

Слично

Поврзани вести