Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Кукан е сериозно загрижен за Македонија?

Зошто Кукан е сериозно загрижен за Македонија?

Едвард Кукан, од Европската Народна Партија, порача дека доколку има промени во состојбите во Македонија, содржината ќе може да се адаптира кога извештајот за Македонија ќе се усвојува на пленарна седница на ЕП во ноември.

„Мојата единствена забелешка е дека ако е потребно да се одржат предвремени избори ќе има хаос во земјата долго време“- изјави Кукан на дебатата за Македонија. 

Тој вели дека постои сериозна загриженост за земјата.

Кукан ја поздрави работата на Иво Вајгл и рече дека ќе го поддржи извештајот.

Известувачот Иво Вајгл посочи дека во Македонија ситуацијата е подобра од претходните години и дека Преспанскиот Договор го вратил оптимизмот во однос на земјата во ЕУ.

Сега, рече тој, „ја барам вашата поддршка за усниот амандман кој го поднесов додека чекаме следните чекори да ги најави македонската Влада“.

Ден пред гласањето за извештајот на Македонија во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, европратениците разменија мислења за состојбата во земјата по референдумот за Договорот за името. Неколку тензии се појавија и со грчка европратеничка од Сириза.

Европратениците утре ќе гласаат и за усмен амандман додаден од страна на известувачот, Иво Вајгл по 30 септември кој гласи дека се нотира исходот од референдумот и истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на Преспанскиот Договор. Пратениците ќе ја охрабрат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот, јави допсиничката на МИА од Брисел.

Во тој контекст, европратениците потенцираа дека во овој момент не се знае дали во Македонија ќе успее да се најде двотретинско мнозинство за усвојување на Договорот или ќе се оди на предвремени избори.

Слично

Поврзани вести