Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Јанева не заврши во ќелиите на хашкото одделение?

Зошто Јанева не заврши во ќелиите на хашкото одделение?

Обвинителката во која сите гледаа надеж дека правната држава ќе профункционира и во Македонија, не е сместена во хашко одделение во затворот Шутка.

Токму во тоа одделение е сместен првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски а причините поради кои завршил таму се безбедносни и здравствени.

Сепак, Катица Јанева не е сместена во хашките соби, со цел да не оствари средба со Боки13, пренесоа дел од медиумите повикувајќи се на затворски извори.

Што е разликата во хашкото одделение ?

Собите во хашкиот дел од затворот во Шутка се изградени по барање на ЕУ а за потребите на Судот од Хаг.

Станува збор за само неколку соби кои што ги задоволуваат стандардите на модерен европски затвор.

Единствена разлика е тоа што во нив има веце шолја, а во обичните се „чучавци“ .

Слично

Поврзани вести