Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ИМА СЕ ПОМАЛКУ ПАЦИЕНТИ НА РЕСПИРАТОР - само четворица во земјава

ЗОШТО ИМА СЕ ПОМАЛКУ ПАЦИЕНТИ НА РЕСПИРАТОР - само четворица во земјава

На респиратор се вкупно четворица пациенти кои во нашите болници се лекуваат од коронавирусот, и тие се во „ГОБ 8 Септември“. 

Дали пациентите немаат толку тешка клиничка слика, или, пак, здравствените работници се помалку се решаваат да прибегнат кон респираторите. 

Тоа го покажуваат официјалните одатоцо од Министерството за здравство. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Слично

Поврзани вести