Зошто има цврста поддршка од само 76 пратеници?
Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници, потврди премиерот Зоран Заев.
Владини извори брифираат дека во меѓувреме „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници кои не се задоволни со амнестијата, дел се лути поради притворите кои се случија во меѓувреме. Наите извори велат дека некои од пратениците не негирале но ниту потврдувале дека ќе гласаат.
Некои од пратениците кои не се сигурни се поранешните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои еба исклучени затоа што гласаа за потребат аод уставните измени а сега се пратеници на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција.
Но имало дел кои не се задоволни од амнестијата и тоа се пратеници кои се дел од групата на 49 пратеници на СДСМ и коалицијата.
Премиерот, според нашите извори, разговара со пратениците, но секако за ова има малку време. Гласањето се очекува да бид емеѓу 9 и 15 јануари.
