Зошто Грујевски и Бошковски не сакаат новинари во судницата во Атина? Рочиштето одложено за 26 април
На 26 април во Врховниот суд во Атина повторно седнуваат поранешниот
началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Денеска
рочиштето беше прекинато и не се одлучи за нивната екстрадиција.
Рочиштето беше прекинато поради правни прашања, а Врховниот суд требаше да одлучува по жалбата на одлуката на
Солунскиот суд кој пресуди Грујевски и неговиот
колега Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за
предметот од СЈО „Тврдина“ и „Таргет“
По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата по одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, во Врховниот суд во Атина се одржуваше зад затворени врати, а така ќе биде и на наредното рочиште.
Тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски побара од шест члениот Совет на судии и обвинителот рочиштето да не биде јавано, а по барањето на претседателката на Советот, тие образложија зошто сакаат судницата да биде испразнета и искористија неколку аргументи, јави дописникот на МИА од Атина.
Тие истакнаа дека во судницата има и новинари, а нивните
клиенти се обвинети за политички криминал и во исказот што треба да го дадат ќе
има и доверливи елементи кои не се за јавноста.
Безбедноста на неговите клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите ,
бидејќи како што рекоа не се знае кој се’ се наоѓа во судницата.
Поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и
Никола Бошковски, се обвинети од СЈО за
предметот „Тврдина“ и „Таргет“, за незаконско прислушување на илјадници
граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко
уништување на дел од таа опрема. Тие беа
три месеци во бегство и фатени на аеродромот во Солун со фалсификувани бугарски пасоши од каде што
планирале да побегнат.
