Зошто градоначалникот на Гази Баба го пушти Трајковски да патува кога има судење?
Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, од редовите на СДСМ со потпис го пуштил вработениот Александар Трајковски службено да патува иако обвинетиот денеска требаше да има рочиште за случајот „Насилство во Центар“
Во Основниот суд Скопје 1 ни денеска не започна судењето за „Насилство во Центар“. Првообвинет во овој случај е Никола Груевски, кој според обвинението, ги нарачал насилствата, поради бизнис интерес. Според бомбите, некој требало да влезе кај Жерновски и да му врзе 2-3 шамари.
Денеска пак се одложи почетокот на ова судење, а причина беше што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски.
„Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска обвинетиот има покана за судско рочиште и зошто го пуштил да патува“, рече обвинителката Фатиме Фетаи, пишува СДК.мк.
Фетаи стравува дека поради одложувањето на судењата, овој случај може да застари.
