Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто финансиска полиција го приведе екс директорот Васе Доневски?

Зошто финансиска полиција го приведе екс директорот Васе Доневски?

Информацијата која вчера ја доби Фактор за приведувањето на екс директорот на СОЗР Васе Доневски се испоставува дека е направено по налог на финансиската полиција.

Доневски е под истрага за злоупотреба на службена положба при ангажирање на фирма за одржување и обезбедување на објектот на Владата на Република Македонија. Се истражува како биле правени договорите, колкава сума на пари била потрешена и каде се завршиле средствата, како и за други можни злоупотреби.

Повеќе детали од финансиската полиција за случајот со Васе Доневски, директорот на СОЗР во времето на премиерот Никола Груевски, споменуван и во „бомбите“ ќе има на прес конференција во текот на денот.

Слично

Поврзани вести