Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Филипче „му даде црвен картон“ на Валон кој беше осомничен дека оставил куршум кај градоначалник на Чаир

Зошто Филипче „му даде црвен картон“ на Валон кој беше осомничен дека оставил куршум кај градоначалник на Чаир

Министерот Венко Филипче го тргнал од директорската функција Валон Беља кој беше економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. 

Валон Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз. По одреден период неговата партија се спои со ДПА а откако Беља се повлече од ДПА беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи.

Подоцна Беља преминува кај ДУИ, беше вработен во Општина Чаир, а во јуни 2016 му остави куршум завиткан во салфетка на тогашниот градоначаник Изет Меџити при што заврши во полиција каде што тврдеше дека некој сака да го намести.

Но, иако случајот кој уште нема епилог , Беља од МВР доби пријава за загрозување на безбедноста.

Како причина за разрешувањето на економскиот директор се наведуваат нарушени односи и несоодветен пристап.

Слично

Поврзани вести