ЗОШТО ЕПИДЕМИЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ ГО ОЦЕНИ КАКО МАЕСТРАЛНО ПРЕДАВАЊЕТО НА ПРОФ. ПАНОВСКИ: Секој доктор да си го пушта барем еднаш дневно – не неделно
Епидемиологот
Драган Даниловски како маестрално го оцени предавањето на професорот Никола
Пановски по повод Светската недела на имунизација.
-Ова предавање би требало да се дистрибуира во буквално секоја здравствена установа на сите нивоа на здравствена заштита, како и до Лекарската комора и сите здруженија во склоп на Македонското лекарско друштво!Секој доктор да го има и да си го пушта барем еднаш дневно - не неделно!, пишува професорот Даниловски во неговата објава на Фејсбук, и при тоа го објавува и предавањето на микробиологот Пановски.
Говорејќи за рационалната употреба на антибиотици, професорот Пановски предупреди дека овие лекови се даваат „на слепо“, а во текот на ланската година која е целосно во знакот на пандемијата на Ковид-19, потсети на создавањето залхи од разни антибиотици во нивните домашни аптеки.
-Има илјадници случаи каде се препишуваат различни антибиотици за ковид дури и кај асимптоматски случаи. Голем дел од нашите пациенти добиваат симптоми мислејќи дека им се од ковид, а тие всушност им се од голема доза антибиотик, истакна професорот.
