Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто е неопходна силна фузија помеѓу бизнисот и универзитетот?

Зошто е неопходна силна фузија помеѓу бизнисот и универзитетот?

Вредностите кои УКИМ ги создава во процесот на наставата, науката и меѓународната соработка можат успешно да се надополнат со дополнителни вредности кои произлегуваат од соработката со бизнис секторот, за да испорачаме дополнителна вредност кон општествената заедница

Иновациите го движат светот, а брзиот технолошки развој, дигитализацијата, развојот на вештачката интелигенција, климатските промени, наметнуваат нови предизвици пред универзитетите. Затоа партнерството на Универзитетот со компаниите од бизнис секторот повеќе од било кога станува се позначајно и за двете страни од повеќе аспекти. Но, воспоставените соработки сеуште не се на ниво кое обезбедува доволно квалитетна соработка со бизнис секторот во земјава. Оваа соработка која и досега постоеше, не е ниту во доволен обем, ниту во соодветна структура застапена. Ние ќе треба заедно,  со комбинирање на капацитетите на двете страни да креираме  успешен трансфер на нови технологии и истражувања во праксата што е од полза на секој поединец на општествената заедница. На компаниите можеме да им понудиме комплетна експертиза од различни научни области, соработка на нивните експерти со нашите истражувачи во соодветните полиња на интерес за компаниите, пристап до универзитетските лаборатории и специфична опрема. Соработката со бизнис секторот треба да се зајакнува во различни форми, од договорни истражувања, каде ќе се користат услуги на акредитирани лаборатории и каде може да се добие пристап до high-tech опрема, бази на податоци, ретки колекции, архиви на податоци, до можност претприемачите и компаниите да добијат квалитетни методологии за истражување и развој, општи или таргетирани истражувања и сл.

Практикантството е другиот, но многу важен аспект на соработката на УКИМ со бизнис секторот. Практикантството на нашите студенти во компаниите мора да биде повеќе застапено во наставните програми за да бидеме сигурни дека на крајот на високо образовниот циклус дипломците поседуваат компетенции соодветни за вработување, но покрај тоа, и базични, генерички  и бихевиорални вештини коишто ќе им бидат потребни во текот на целиот работен и кариерен развој. Подобрувањето на капацитетите за вработливост, со акцент на практичните знаења и вештини, во основа е комбинација на академското знаење кое е основа на сите клучни компетенции кои ги бара пазарот на трудот.

Универзитетот и бизнисот заедницата мора да станат партнери за да создадеме бенефити за студентите, за универзитетот и за бизнис заедницата и за општеството во целина.

Проф.д-р Билјана Ангелова

Слично

Поврзани вести