Зошто Димитров му симнува капа на Европско Куманово?
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на вчерашното обраќање пред граѓаните на Куманово ги презентираше придобивките што Македонија ќе ги добие со влез во НАТО.
„За нешто повеќе од година ќе влеземе во НАТО алијансата. Треба да се среди државата, за да тргнеме напред“- изјави Димитров.
Димитров на својот Твитер профил упати пофални зборови до кумановци.
„Европско Куманово, симнувам капа“- напиша Димитров на својот Твитер налог.
Тој повторно посочи дека јазикот и идентитетот нема да бидат доведени под знак прашање.„Насекаде бев во Европа и по средбите сите велат нема поголем дипломатски и политички успех од тоа што успевате да го решите проблемот со Грција и Бугарија на начин што го заштитивме најважното“ - додаде министерот.
Тој вели дека референдумот не се однесува на партии и Влада, туку на државата.
