Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Данев повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто Данев повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ?

Драган Данев повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Данев, побарал да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група, која ја извршуваше во Собранието. На прес - конференција денеска рече дека најверојатно повеќе нема да биде координатор на опозициските пратеници. Но, одби да да даде образложение за својата одлука. 

Се очекува деновиве пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да достават известување до претседателот на Собранието, Талат Џафери дека ќе функционираат како една пратеничка група.

Тој стана координатор откако Влатко Ѓорчев само привремено седна на местото на Илија Димовски, кој се повлече по конгресот во Валандово и доаѓањето на Христијан Мицкоски на местото на Никола Груевски.

Данев излезе на референдумот и гласаше „против“. Со него гласаа и пратениците, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски. 

Со новонастанатата состојба, дел од пратениците ја напуштија коалицијата на опозицијата, а други осум се исклучени затоа што гласаа за отворање на Уставот.

Слично

Поврзани вести