Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто биткоинот е подобар од златото и од доларот?

Зошто биткоинот е подобар од златото и од доларот?

Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, тврди Стив Вознијак, ко-основачот на Епл. 

Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.

Според него,  Владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.

Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, затоа што луѓето откриваат нови начини за ископување.

„Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката“ - вели Вознијак.

Додава  дека за него биткоинот е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија биткоинот како валута.

Слично

Поврзани вести