Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Заев од денеска на одмор

Зоран Заев од денеска на одмор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од денеска е на одмор по завршувањето на неделата во која се одржаа предвремените парламентарни избори, по кои владеачката партија победи со најголем број освоени гласови и првичен број на пратенички мандати.

СДСМ веќе соопшти дека лидерот на победничката партија ќе летува во државата со оглед на тоа што владее епидемија, а според натписите на одредени медиуми, тој ќе одмора десетина дена во Струмица.

Според последното соопштение на предводникот на коалицијата „Можеме“, идннната на земјата е сигурно затоа што како што велат од таму „мандатот за составување на следната, уште поодговорна и уште поотчетна Влада, е кај Зоран Заев – следниот премиер на Република Северна Македонија“.

Од СДСМ соопштија дека во деновите до и околу Илинден граѓаните ќе може да здивнат од политичките активности на партиите.

„По Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција, водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, порачуваат од партијата.


Слично

Поврзани вести