Зоран Заев: Не правиме предизборна кампања, туку покажуваме што е направено
Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на реконструираниот Бит-пазар во Скопје рече дека секојдневните промотивни настани не значат незаконски старт на политичката кампања за локалните избори пред нејзиниот пропипишан рок, туку дека тоа власта го прави за да ги информира граѓаните.
- Сакаме на сите да им предочиме што е направено, да ги споделиме сите информации. Сите овие инвестиции се тие што се работеа и планираа во најнеочекуваната светска криза и со нив се решаваат вековни проблеми на граѓаните. Законот пропишува што е дозволено, а што не е . Ние го почитуваме максимално. Ова е нешто на кое што треба да се израдуваме, рече Заев.
Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање, додаде дека забелешките против предкампањските активности на ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ како тогашна опозиција се веќе вградени во изборниот зкаоник. Според Заев, денеска и власта и опозицијата ги почитуваат прописите кога станува збор за предизборните активности.
- Затоа денеска се знае кога имате можност да пуштатате објекти и да користите ресурси, а кога е забрането, подвлече тој.
