Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Заев: Наскоро укинување на вадењето на матичните изводи

Зоран Заев: Наскоро укинување на вадењето на матичните изводи

Премиерот Зоран Заев денеска претставувајќи го антикорупцискиот план со воицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, најави дека ќе се укине вадењето на матичните изводи.

Ова Заев го потенцираше најавувајќи ја дигитализација на матичните книги и издавање на електронски изводи од матичните книги, како и укинување на процедурата за вадење на различни изводи и документи

„Наскоро следува и укинување на вадењето на изводи. Граѓаните ќе може да ги добијат на истиот начин на кој што ќе аплицираат.“, рече премиерот.

Тој додаде дека ова се прави во рамки на антикорупцискиот план кој е направен со тимот на вицепремиерот Николовски, како и во консултација со министерствата, агенциите, невладините организации и други институции.

- Ги слушнавме „Транспаренси Интернешнал“, воведуваме институти кои ќе го спречуваат секој вид на корупција. Планот има за цел да спречува корупција на Владата, но и на режимското владеење пред нас.

Тогаш се трошеа парите на народот за да се богатат тие и партијата. Ја насадија корупцијата за да им биде простено за сите злодела. одлучни сме и дојдени е времето во целост да ги демонтираме режимските остатоци, додаде тој.

Слично

Поврзани вести