Зоран Трифуновски е нов организациски секретар на СДСМ
Зоран Трифуновски вечерва на седница на ЦО е избран за нов организациски секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Тој доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој беше кандидат за градоначалник на Куманово, но не успеа да влезе во вториот круг на локалните избори.
Трифуновски ќе биде втор организациски секретар на СДСМ заедно со Љупчо Фармаковски. На партискиот конгрес за генерaлен секретар е реизбран Саша Димитријевиќ.
За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.
За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски.
На седницата е одлучено и 32. програмски Конгрес да се одржи на 7 јуни (недела).
Слично
