Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Николов се искачи на Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов се искачи на Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа.

Toj e на 5.642 метри надморска височина, сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија, информираат од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.

„Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови“, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.

Претходно,  тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.

Слично

Поврзани вести