Зоран Милески Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката кај Стража каде загина човек
Бизнисменот Зоран Милески Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката која се случи кај Стража, на 4 септември, потврдуваат од обвинителството. Обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.
Во несреќата, загина сопатник во автомобилот „Санг јонг“, а четири лица се здобија со тешки телесни повреди, додека тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.
Милески незгодата ја предизвика додека беше на отсуство од одлежувањето на затворска казна, на која е осуден во случајот „Рекет“. Јавноста за отсуството на Кичеец дозна откако се oбјави дека тој е вмешан во тешката сообраќајна несреќа. Управата за извршување санкции соопшти дека тој е пуштен поради лекарски прегледи.
