Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОРАН ИВАНОВ: Како тргнала МПЦ, ќе се пререгистрира во политичка партија

ЗОРАН ИВАНОВ: Како тргнала МПЦ, ќе се пререгистрира во политичка партија

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот настап на владиката Агатангел на прославата на празникот Свети Трифун во Кавадарци, кој во својот говор, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го нарече „нашиот претседател“ и нагласи дека за него верува оти со помош од Бога и Богородица ќе го врати назад она што е свето македонско и национално.

На ова жестоко реагираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски, додека, пак, во одбрана на Агатангел застана поранешниот пратеник Илија Димовски. 

Црквата се уште се нема огласено со свој став за говорот на Агатангел. 

Новинарот и политички аналитичар Зоран Иванов, пак, на шега на фејсбук коментира дека вака како што тргнала работата, МПЦ ќе прерасне во политичка партија. 

„Како тргнала MПЦ ќе се пререгистрира во политичка партија, прв претседател Агатангел“, напиша Иванов на фејсбук.

А, евбе што кажа Агатангел.

„Ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци, длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош“, рече Агатангел.

Слично

Поврзани вести