Зоран Иванов: Историските настани се такви како што се случиле, се друго е романтика или лага
„Историските настани се замрзнати во времето на нивното случување и тие се само такви какви што и се случиле, се друго, во отсуство на аргументирана научна подлога, е или романтика или лага“.
Ова на својот фејсбук профил го напиша Зоран Иванов, новинар и доскорешен претседател на Извршниот одбор на Македонската информативна агенција, МИА.
Како што е познато, Зоран Иванов предизвика пред неколку дена бура во јавноста кога излезе со премногу остра реторика кон вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.
Потоа тој излезе со уште еден пост со кој дообјасни зошто така се изразил и зошто не сака да го повлече претхопдно напишаното.
Но, потоа, сепак, ги избриша двата претходно напишани постови.
А како што е познато, по првиот пост на Иванов реагираше Екатерина Захариева.
