Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Илиоски прашува дали прислушкувани разговори има на црниот пазар?

Зоран Илиоски прашува дали прислушкувани разговори има на црниот пазар?

Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ја праша специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева дали се предадени сите прислушувани разговори. 

Тој вели дека имало информации дека такви разговори циркулираат и на црниот пазар.

Јанева, одговори дека СЈО направило попис на целокупниот прислушуван материјал од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е дел од доказниот материјал и кој се наоѓа во судот, а е поврзан со предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

Исто така, пратеникот Илиоски и забележа на специјалната јавна обвинителка Јанева дека ангажирала вештаците кои се поранешни функционери на владејачката СДСМ, во предмети против неговата партија ДПМНЕ.

„Наместо да донесете правна сигурност, вие сте еден од генераторите на правна несигурност“– рече Илиоски.

Тој кажа дека СЈО не ги исполни очекувањата.

Слично

Поврзани вести