ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

Зоолошка градина Скопје: Недоразбирање меѓу нашите шимпанза резултираше со тоа што Коко си ја повреди ногата

Од Зоолошката градина Скопје информираат дека мало недоразбирање меѓу две шимпанза довело до тоа едното да се лизне и да си ја повреди ногата. 

Објаснуваат дека животното веќе добило соодветна лекарска помош. 

„Веднаш реагиравме и ги известивме нашите соработници од Холандија каде што Коко претходно престојуваше и од страна на нашиот тим му беше пружена прва помош. Во консултација со холандските ветеринари беше повикан стручен тим од Факултетот за ветеринарна медицина кои заедно со нашите вработени му пружија стручна помош и за првпат во нашата држава беше извршена ваква акција за седирање на шимпанзо која се смета за една од најкомплицираните во животинскиот свет. Коко беше успешно седиран и однесен во ветеринарната болница на факултетот каде што беа направени комплетна рентген дијагностика и сите лабараториски испитувања. Среќни сме што Коко сега е стабилен, под надзор и во процес на целосно закрепнување, а од страна на професорот Пламен Тројачанец од катедрата за хирургија, ортопедија и офтамологија беше констатирано дека на мала коска на ногата има само напукнатина која сама ќе зарасне, без потреба од хируршка интервенција. Важно е да напоменеме дека вакви ситуации се природни и се случуваат дури и во најхармонични групи на човеколики мајмуни“, информираат од Зоолошката градина Скопје. 


Додаваат дека нивен приоритет секогаш е благосостојбата на животните, и продолжуваат со внимателно следење и нега.

ad
Слично

Поврзани вести