ЗОО Скопје: Туберкулозата кај животните не претставува ризик по посетителите
Ризикот за посетителите е многу низок и речиси невозможен. Преносот на туберкулоза од животни на луѓе е исклучително редок и најчесто бара долг и директен близок контакт со болни животни, нешто што е невозможно за обичните посетители.
Вработените кои се во директен контакт со животните со години изминатиот период беа тестирани.Сите досегашни резултати се негативни , нема заразени лица меѓу персоналот, информираат од ЗОО Скопје.
Од таму додаваат дека се преземаат строги ветеринарни и санитарни мерки и постојано се врши дезинфекција во живеалиштата.
- Секое сомнително или заболено животно е предмет на надзор, тестирање и соодветен третман согласно меѓународните стандарди, а поставени се и дез бариери кај живеалиштата, додаваат од таму.
Во соопштението се тврди дека случаи на животинска туберкулоза се регистрирани и во други зоолошки градини низ светот, но дека тоа никогаш не резултирало со ризик за јавноста.
