ЗОО Скопје постави рекорд по број на продадени билети
Зоолошката градина во Скопје денеска го сруши рекордот во продадени билети, откако повеќе од10.000 луѓе дојдоа да ги видат новите жители на Зоолошката градина, слониците Дуња и Даела. Нивното живеалиште денеска беше официјално отворено во рамки на настанот „За европска Зоолошка“.
Од Зоолошка градина велат дека паркот никогаш не бил попосетен. Редици од посетители можеа да се видат на влезот од Зоолошката, а вкупно биле продадени над 9.500 билети.

Слично
