Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Зоолошка градина Скопје го демантира своето вработено лице, сметајќи ја нејзината изјава како самоволна во врска со тоа дека Агенцијата за храна и ветеринарство најавила интервенција против појавата на  птичји грип, по што беше умртвена поголема бројка од нив.

„Во врска со самоволната изјава од вработената Тина Мицковска со која
изјавува, цитирам ,,Иако АХВ уредно по закон и по проткол известиле и
пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние
најголемиот дел вработени не бевме информирани". Оваа нејзина изјава е
целосно невистинита, а со истата свесно, со намера ја дезинформира
јавноста, свесно ги вознемирува граѓаните, создава чувство на страв и
паника, но и истата изјава е целосно лажна што претставува кривично
дело“, велат од таму.

Во соопштението со потпис на в.д. директорот Зоран Попов и натаму ЗОО Скопје инсистира на тоа дека во зоолошката градина немало појава на птичји грип.

„Имено до ЈУ Зоолошка Градина Скопје не е доставен никаков налог, ниту
известување од страна на АХВ на 19ти Октомври ниту претходниот ден 18ти
Октомври. Напротив АХВ без налог, без известување, без присуство на
овластено лице, врши наcилен упад во ЈУ Зоолошка градина Скопје и врши
масакр на здрави, украсни птици за кои не е утврдено присуство на птичји
грип“, додаваат од таму.

Слично

Поврзани вести