Зонското паркирање се проширува речиси низ цело Скопје!
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја објави инвестициската програма за 2014-та година со која се предвидува проширување на проектот за зонско паркирање. Годинава треба да бидат отворени нови 2.130 паркинг-места, од кои 1.261 се наменети за зонско паркирање.
Автокоманда, Ново Лисиче, Kарпош 1, Kарпош 2, Kарпош 3, Kарпош 4, Kисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров - се населбите кои од годинава ќе добијат зонско паркирање, според плановите на „Градски паркинг“.
„Меѓутоа ние, согласно правилникот за работа, за да отвориме нови паркиралишта, треба да добиеме иницијатива или од граѓани или од општина. Потоа, на основа на тие барања се спроведува анкета со граѓаните и ако се покажат позитивни резултати, и секако, ако соодветната општина одобри, претпријатието ќе го отвори паркингот“ , вели Борче Јакимовски, директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“.
Ако се воведе зонското паркирање во нови населби, тоа ќе биде бесплатно за станарите, а гостите ќе плаќаат од час. Новите населби што ќе станат дел од зонското паркирање ќе бидат во таканаречената „бела зона“, каде што паркирањето е најевтино и чини 15 денари од час.
Слично
