ЗОКИ ФАЦИ ГО ОЧЕКУВА РИЗИЧНА ОПЕРАЦИЈА КОЈА ЌЕ ТРАЕ НЕКОЛКУ ЧАСА: Стефан сподели кога ќе се оперира неговиот пријател
Јутјуберот Стефан Лазаров, сподели кога ќе се оперира Зоки Фаци и колку време ќе трае неговата операција.
„Можам да ве израдувам дека конечно Зоки ќе оди на операција! Во среда на 18 септември тој ќе се оперира во Систина..
За жал му е кажано дека го очекува доста ризична операција која ќе трае неколку часа.
Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава.“ сподели тој.
Слично
