ЗНМ: Укинат притворот на новинарот Зоран Божиновски
Здружението на новинарите на Македонија на социјалната мрежа Твитер соопшти дека е укинат приворот на новинарот Зоран Божиновски.
Во твит постот додаваат дека со овој потег Македонија веќе не е на листата на земји со новинари во притвор.

Божиновски, кој беше осомничен во случајот „Шпион“, на 21 април лани беше уапсен во Нови Сад и неколку часа подоцна беше екстрадиран во Македонија.
Божиновски беше уапсен и во ноември 2013 година во Нови Сад, по потерница преку Интерпол. Помина повеќе од една година во екстрадициски притвор, по што беше пуштен да се брани од слобода со одлука на српскиот апелациски суд.
Слично
