Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ со повик до Иванов да се откаже од обидот медиумите да ги претвори во послушници на институцијата

ЗНМ со повик до Иванов да се откаже од обидот медиумите да ги претвори во послушници на институцијата

На денешната прес-конференција Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), изрази загриженост поради тоа што според нивни информации кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, на дваесетина новинари повикувајќи ги на брифинг на почетокот на јануари им доделил наводни безбедносни сертификати со кои се обврзуваат да не изнесат информации кои ќе дојдат до нив во врска со претседателот и неговиот кабинет.

Според ЗНМ овој чин на кабинетот на Иванов претставува притисок врз новинарството и претворање на медиумите од стожери на јавноста во послушници на институцијата.

 „ Доделувањето на вакви сертификати за новинари претставува притисок врз новинарската професија затоа што новинарите од стожери на јавниот интерес ги претвора во државни службеници. Ваквиот непромислен потег на Иванов ја загрозува слободата на медиумите и претставува обид за контрола затоа што поврзувањето на новинари со безбедносните служби дополнително ќе ја зајакне само цензурата во медиумите “,  рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Новинарите кои го потпишале барањето за сертификатот пријавиле во ЗНМ по што здружението стапило во контакт со кабинетот на претседателот за да се информираат за што станува збор, но добиле одговор дека таков брифинг не бил никогаш одржан.

„Новинарите во тој момент не биле во можност да не контактираат и да се консултираат со редакциите или ЗНМ за значењето на тој сертификат, бидејќи на влезот им биле одземени мобилните телефони“, вели Селмани додавајќи дека било каква поврзаност на новинарите со безбедносните служби е неприфатлива.

Селмани го повика Иванов да им нареди на своите советници да го запрат издавањето на безбедносните сертификати на новинари, а до колегите новинари веднаш да се откажат од ова барање бидејќи со ова се уништува етичкиот кодекс на новинарите.

Слично

Поврзани вести