Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ на состанок со градоначалничката Арсовска за да и објасни дека треба да комуницира со јавноста

ЗНМ на состанок со градоначалничката Арсовска за да и објасни дека треба да комуницира со јавноста

Здружението на новинарите на Македонија на негова иницијатива одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

На средбата, покрај останатите претставници на ЗНМ, бил и претседателот Младен Чадиковски.

Со Арсовска се дискутирало за можноста за одржување на редовни брифинзи, барем еднаш неделно, со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје.

Ставот на ЗНМ е дека многу е важно администрацијата на Градот Скопје да биде отворена и транспарентна кон новинарите бидејќи тие играат клучна улога во информирањето на јавноста.

„Професионалните новинари помагаат на избраните функционери да бидат транспарентни пред граѓаните преку известување за нивните активности, политики и резултати, со што се гради доверба и кредибилитет. Дополнително, со слободниот проток на информации, се овозможува придвижување кон функционална демократија“, соопштија од ЗНМ.


Слично

Поврзани вести