Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНМ го осуди обидот за пресметка со новинарот Барлаковски

ЗНМ го осуди обидот за пресметка со новинарот Барлаковски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осуди заканите против новинарот на „Плусинфо“ Божидар Барлакоски, упатени од членови на здружението „Пере Тошев“ од Прилеп, кои се обиделе физички да го нападнат.

Новинарот Барлакоски, кој исто така е од Прилеп, во центарот на Скопје бил пресретнат од членови на здружението кои без никаков повод вербално го навредиле со погрдни зборови, „копиле  предавничко“, а потоа се обиделе физички да се пресметат со него.

- Ваков напад, кога насилници во центарот на главниот град се дрзнуваат  да бркаат новинар со намера да го претепаат, сведочи за загрижувачката ескалација на насилство против новинарите. Хајката на која се изложени новинарите во последните месеци е последица на воинствениот речник што го користат претставниците на досегашата власт и нивни блиски јавни личности и медиуми. Вештачката поделба на медиумите на патриоти и предавници ги претвора новинарите во топовско месо во пресметката на партиите, се наведува во соопштението на ЗНМ. 

Слично

Поврзани вести