Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНАМЕНЦЕТО Е НА СЛОВАЧКА, МИНИСТЕРКАТА Е НА СЛОВЕНИЈА - каков пропуст направил кабинетот на Османи

ЗНАМЕНЦЕТО Е НА СЛОВАЧКА, МИНИСТЕРКАТА Е НА СЛОВЕНИЈА - каков пропуст направил кабинетот на Османи

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера во кабинетот на колегата Бујар Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но за жал и со една фалинка, а тоа е згрешено знаменце од нејзината држава. 

На масата меѓу двајцата министри се вееја словачкото и македонското знаме. Дали Фајон ја забележала грешката и дали реагирала кај колегата Османи – не е познато. Она што се гледа олд фотографиите направени од фотографот на агенцијата МИА, е дека таа е насмеана.

Во официјалното известување од МНР за средбата на Османи со Фајон не е испратена фотографија од сребата во неговиот кабинет, туку од прес-конференцијата, каде двете знамиња се правилни.

Слично

Поврзани вести