ЗНАМ: Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем
Од ЗНАМ велат дека СДСМ и претседателот Венко Филипче немаат кредибилитет и легитимитет за какви било концепти за Македонија.
„Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение“, наведуваат од ЗНАМ.
Прашуваат дали како што велат, самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се наметне како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја предвид очајната состојба на неговата партија.
„Тој денеска предлага концепт за нов општествен дијалог во Македонија. Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за сите, едно за Вицето“, се посочува во реакцијата од ЗНАМ.
Во 14 часот утре во Владата ќе се сретнат премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Инаку, Филипче бара и лидерска средба.По пожарот во Кочани со 59 жртви, Филипче бара лидерска.
