Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши“: Левица со нова критика до коалиционите партнери

„ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши“: Левица со нова критика до коалиционите партнери

Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“. 

Членови на овие партии, со по еден освоен советник добиваат 30 проценти учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори - што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор!

Ова го посочуваат од политичката партија „Левица“ со напомена дека во меѓувреме коалиционите партнери во јавност глумат „непријатели“. 

- Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори кои по закон се избираат со јавен оглас.

Практично, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, позади затворени врати сложно го делат државниот колач. Потврдата дека ЗНАМ во Влада е кооперативен со балистичката ВРЕДИ беше дадена пред неколку дена од Орхан Муртезани - пишува во соопштението на „Левица“.

Според нив, јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со балистичките субјекти Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.


- Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27 проценти од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник.

Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ“, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати - нагласуваат од партијата.

Потоа допоплнуваат дека „и покрај утврдената состојба за коалициски долгогодишната соработка, Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да покажат барем малку достоинсто и да застанат на вистинската страна при гласањето на интерпелацијата за спикерот Африм Гаши“. 

- Наместо да се заштити угледот на функцијата и достоинството на државата, ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши! - нагласуваат од Левица. 

Слично

Поврзани вести