Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗНАМ НАЈАВИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА: Што предвидува таа?

ЗНАМ НАЈАВИ НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА: Што предвидува таа?

ЗНАМ најави Национална платформа за македонско национално единство. 

Целта на оваа платформа е да ги обедини сите политички фактори, да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Македонија за остварување на стратешките цели – полноправно членство во Eвропската Унија(ЕУ). 

„Движење ЗНАМ – За Наша Македонија официјално утре до сите парламентарни политички партии ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“, објави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од постоењето на партијата.

Тој зборуваше и за претседателската кампања, кога, како што потсети, кажал една реченица, дека можеби е дојдено времето во Македонија повторно да се сплотат и спојат, како што рече, партизаните и комитите, како што некогаш во Втората светска војна нашите предци го направиле тоа.

Димитриевски на премиерот Христијан Мицкоски му порача дека ги чека многу работа. 

Слично

Поврзани вести