Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знак број 1 дека е време да ја напуштите работата

Знак број 1 дека е време да ја напуштите работата

Тони Томпсон е млада професионалистка во САД со над деценија искуство во HR (човечки ресурси) регрутирање и следење на кариерата. Таа работи за сајт за кариерни совети и пребарување на работа The Muse.

Во краток видео коментар за Business Insider Томпсон споделува каков според неа е водечкиот знак дека е време да заминеме од моменталната работа. Нејзиното мислење се базира на нејзиното досегашно искуство и на нејзините вкупни набљудувања, при што многу често се јавуваат исти чувства и емоции кај кадрите кои се исцрпени на работа, дури и да се луѓе со различни професии и во различни индустрии.

Еве што вели Томпсон:

Има еден знак кој сметам дека очигледно покажува дека вие веројатно треба да ја напуштите вашата сегашна работа и тој е ако сте почнале да се претставувате лошо на работа и сте станале лош колега и член на тимот, бидејќи внатрешно сте лути на ситуацијата, или сте многу разочарани.

Во таков момент понекогаш дури е подобро човек да си замине без да има друг предлог и да стане малку слободен на пазарот на труд - за да остане работодавачот со добар спомен за него, наместо со негативни спомени.

Ако пак е обратно - на позицијата сте, каде располагате со полни лични можности и се наоѓате во вистинската улога, и се справувате навистина добро, тогаш не напуштајте го ова работно место.

Слично

Поврзани вести