Знае ли полицијата кој и се заканува на Добрила Кацарска?
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска е одобрено веќе две недели на барање на Кривичниот суд.
Полицијата работи на постапка за откривање кој и зошто ги упатил заканите, но за тоа ќе информираат кога ќе има повеќе информации.
„Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска“- изјави Спасовски.
Кацарска го води случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство во кој изрече затворска казна за екс премиерот, Никола Груевски и за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски. Во овој случај обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за која поради ризична бременост е издвоена постапката.
