Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знае ли Мицкоски кој му помогнал на Груевски да избега од државата

Знае ли Мицкоски кој му помогнал на Груевски да избега од државата

Ако дојдеме на власт ќе обелодениме кој му помогна на Груевски да избега. Ова ветување го дал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски коментирајќи ја темава во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.

Како што пренесе Алсат, Мицкоски запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, одговорил дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата. 

Меѓудругото, тој кажал и дека во оваа  држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.

Слично

Поврзани вести