Знае ли Иванов за што точно се разговарало во Виена?
Шефот на државата, Ѓорге Иванов денеска изјави дека засега не е планирано одржување лидерска средба по вчерашните разговори за спорот со името во Виена меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц.
Иванов по средбата со неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ изјави и дека нема информации за текот на преговорите. Тој порача дека прашањето за што се разговарало треба да биде упатено до Димитров или Владата.
„За сѐ што се разговарало треба да го прашате министерот за надворешни работи и ова прашање да го поставите до Владата“- изјави претседателот Иванов.
Вчера куса изјава по разговорите имаше само Нимиц.
Слично
