Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знае ли Џафери до каде се преговорите со пратениците?

Знае ли Џафери до каде се преговорите со пратениците?

Спикерот Талат Џафери на вечерашното гостување во „Топ тема на ваша страна“ на Телма телевизија изјави дека до Собранието стигнал предлогот на Владата за пристапување кон уставните измени поврзани со Договорот од Преспа.

За тоа дали има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на уставните измени рече дека не знае и дека не може да каже во која насока одат преговорите со пратениците.

Тој објасни и дека има три фази за усвојување на уставните измени. Џафери во рок од три дена треба да го разгледа предлогот на Владата, потоа да го достави до службите и пратениците. Најмногу за десет дена, ќе треба да свика седница на Комисијата за уставни прашања, а откако ќе се исцрпи дебатата, третиот ден, предлогот оди на седница.

Нагласи дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот или на 20 пратенци, но и претседателот на Собранието има можност да одлучи седницата да биде итна.

Слично

Поврзани вести