Значително намалена излезноста во споредба со претходните локални избори
Фото: Вангел Тануровски
Државната изборна комисија објави дека излезноста до 17.00 часот е 41,39 отсто, што е за 7 процентни поени пониска од излезноста на минатите локални избори во 2017 година.
Во споредба со локалните избори во 2017 година излезеноста до 17 часот изнесувала 48 проценти на целата територија на Македонија
До 17 часот најголем одѕив имало во општината Новаци и таму процентот изнесува 69,76, а најмала во Брвеница - 24,83 отсто.
Последната информација што доаѓа од претседателот на ДИК, Александар Даштевски, излезноста е нешто над 50 отсто по 19.00 часот.
Излезноста до 17.00 часот во споредба со ланските парламентарни избори е поголема, во истиот временски интервал, на гласање излегле 38,78 отсто од избирачите
