ЗНАЧИ НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА НЕ ОДГОВАРА - Најчевска распали за автопатот: „вмешани голем број високи функционери“
Изградбата, поточно неизградбата на автопатот кон Охрид деновиве повторно ја бранува јавноста, особено најавите на првите луѓе во Владата дека се размислува за раскинување на договорот со кинсеката компанијата. Особено бранува фактот дека изградбата не е воопшто напредната, иако истите претставници на власта ветуваат дека по новиот автопат ќе се вози веќе од следанта година.
На оваа тема, со остра критика се јави и професорката Мирјана Најчевска, која потенцира дека не може никој да не одговара за пролонгирањето на изградбата, за пробивањето на сите рокови, истакнувајќи дека со ваквото однесување, всушност се крадат пари од граѓаните.
- Значи, не може никој да не одговара.
Ете, наместо да се фрла во неола Јовевски со Собраниската анкетна комисија, нека почне да истражува кои е кривични дела се направени овде.
А на помош нека го викне и државниот правобранител
А во меѓувреме нека се формира анкетна комисија и за ова бидејки станува збор за проект во кој се вмешани многу голем број високи функционери во власта.
И посебно нека се повлечат паралели со актуелниот проект на мафијата на Али Ахмети кој се заканува да прерасне во кражба на државни пари од уште поголеми размери.
И не знам како да ви објаснам дека државните пари се всушност ваши пари.
Секоја пара фрлена на вакви проекти е помалку пари за здравство, за образование, за социјална заштита, за згрижување на стари луѓе, за заштита на животната средина, за...
Секој вака украден денар значи полош живот за голем број граѓани, пократок животен век, поголем број заболувања на вашите деца, помалку заштита, ...
Не се тоа ничии пари.
Тоа е залак кој некој го зема од устата на вашето дете.
Навистина не знам како да ви објаснам - пишува Најчевска на Фејсбук.
