Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем

Вчера, службите на општина Карпош ја спроведуваат акцијата за поставување на „Репелент“ - средство за превенција и заштита од змии. 

Службите поставуваа по должината на улицата Ловќенска во населбата Козле и на теренот меѓу мештаните познат како „шпанско село“. По пријава на граѓаните од населбата Влае 2 службите поставија „Репелент“, а ова превентивно средство беше поставено и кај паркот позади Веро (Тафталиџе).

На овој начин општината се обидува да ги заштити граѓаните од појавата на влекачите, кои во изминатите години почнаа да се појавуваат во се поголем број.

Инаку, како што информираа општинските власти, средството што се поставува, не е штетно за луѓето, домашните миленици и животната средина.




Слично

Поврзани вести