„ЗМИИ ГИ ИСПЛАШИЈА ЛУЃЕТО“: Внимавајте на децата во парковите- експертите велат дека се крева непотребна паника
Граѓаните на социјалните мрежи на големо објавуваат фотографии од змии, кои искочиле надвор од своите живеалишта.
Еден жител на Делчево, предупредува на појава на змии.
Експертите пак велат дека неправедно се прави прогон кон змиите.
Војо Иванов, вработен во скопската зоолошка градина и еден од најголемите познавачи на животинскиот свет, сподели статус на една организација, во која се вели дека „непотребната паника околу змиите го продолжува нивниот неоправдан прогон. Во Македонија има малку отровни видови на змии и повредите предизвикани од нив се вистинска реткост“.
ФОТО: Фејсбук
Слично
