Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЛОУПОТРЕБА, НАСИЛСТВО И МАЛТРЕТИРАЊЕ ВО ВРШЕЊЕ НА СЛУЖБАТА - Муареми доби кривична пријава од Обвинителството

ЗЛОУПОТРЕБА, НАСИЛСТВО И МАЛТРЕТИРАЊЕ ВО ВРШЕЊЕ НА СЛУЖБАТА - Муареми доби кривична пријава од Обвинителството

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција доби кривична пријава од Јавното обвинителство

Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми добил кривична пријава од Основното јавно обвинителство, јави порталот Нетпрес каде се објави и кривичната пријава.

Претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција. По претресот Управата за финансиска полиција поднесе претставка до јавниот обвинител затоа што наредбата не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. 
Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејства е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава".

Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.

Слично

Поврзани вести