Злато кое чини над 140.000 евра е запленето на Деве Баир
Злато денеска е запленето на граничниот премин Деве Баир.
При детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и 1 автобус. Околу 06:00 часот за влез во државата се пријавил автобус марка Mercedes 0403 со македонски регистарски ознаки, управуван од лицето Т. Д. од Република Турција. Над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, се пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9.000.000,00 денари или 146.341 евра. Златото и автобусот се привремено задржани со Потврдa за привремено одземени предмети и заедно со лицето се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
